Евиденција за сите миленици што ја посетиле ординацијата

Цел

Централизирана база на податоци за сите миленици кои се третирани во ординацијата

Функционалности

  • Секој миленик има свое уникатно досие каде се чуваат сите податоци, вклучувајќи име, вид, раса, возраст, пол и здравствена историја.
  • Можност за брзо пребарување и филтрирање на милениците според различни критериуми (на пример: име, вид, датум на последен преглед).
  • Имплементација на безбедносни мерки за заштита на приватноста на податоците.

Евиденција на прегледи, лабораториски извештаи и хируршки зафати

Цел

Дигитализација на сите медицински податоци за секој миленик

Функционалности

  • Водење на детални записи за секој преглед
  • Детални записи на хируршките зафати и постоперативната нега
  • Креирање темплејти за лабораториски извештаи
  • Можност за генерирање на извештаи за секој преглед или зафат

Напреден календар за закажување прегледи и следење на термините

Цел

Ефикасно управување со распоредот на прегледи

Функционалности

  • Визуелен календар кој ги прикажува сите закажани термини, вклучувајќи ги и деталите за миленикот и видот на прегледот
  • Можност за додавање, менување или бришење на термини
  • Автоматско испраќање на потсетници до сопствениците на милениците за закажаните термини
  • Интеграција со онлајн форма за закажување термини

Брз пристап до историјата на секое милениче со само неколку клика

Цел

Олеснување на пристапот до здравствената историја на милениците

Функционалности

  • Секој миленик има свое досие каде се чуваат сите прегледи, лабораториски извештаи, хируршки зафати и други релевантни информации.
  • Можност за брзо пребарување на досието според име или уникатен идентификациски број.
  • Прикажување на историјата на прегледите по хронолошки редослед

Автоматизиран потсетник до клиентите за редовни вакцини преку е-пошта или СМС

Цел

Подобрување на здравствената нега на милениците преку редовни потсетници

Функционалности

  • Системот автоматски ги следи датумите за редовни вакцини и испраќа потсетници до сопствениците преку е-пошта или СМС
  • Можност за прилагодување на шаблоните за потсетници

Можност за закажување термини преку онлајн форма

Цел

Олеснување на процесот на закажување термини за сопствениците на милениците

Функционалности

  • Онлајн форма каде сопствениците можат да ги внесат деталите за миленикот и да го изберат типот на преглед
  • Интеграција со календарот на ординацијата за прикажување на достапни термини
  • Автоматско потврдување на закажаниот термин преку е-пошта или СМС

Пристап на сопствениците до досието на нивниот миленик преку специјално генериран код

Цел

Овозможување на сопствениците да ја следат здравствената состојба како и историјата на прегледи за нивниот миленик

Функционалности

  • Секој сопственик има уникатен код за пристап до досието на својот миленик
  • Сопствениците можат да го користат кодот за да пристапат до досието на миленикот преку веб-платформата на PetWorld
  • Ограничен пристап, се со цел осигурување на приватноста на податоците

Печатење на извештаи со сите информации од преглед и лабораториски наод

Цел

Олеснување на комуникацијата помеѓу ветеринарот и сопственикот на миленикот

Функционалности

  • Можност за генерирање на детални извештаи за секој преглед, вклучувајки ги: дијагнозата, препорачаните третмани како и лабораториските наоди
  • Извештаите можат да се испечатат или испратат на сопственикот преку е-пошта
  • Стандардизирани шаблони за извештаи и професионален изглед

ПРЕДНОСТИ

Кориснички интерфејс

Интуитивен интерфејс, лесен за користење - како за ветеринарите, така и за сопствениците на миленичињата

Безбедност

Напредни мерки за заштита на податоците, вклучувајќи шифрирање, редовни ажурирања и бекапи

Техничка поддршка

Техничка поддршка за корисниците на апликацијата

Scroll to Top